Комичарот Ник Кенон, исто така татко на дванаесет деца, тврди дека отсекогаш сакал да има големо семејство и дека тоа му била животна цел.
Ник Канон неодамна даде интервју за „Us Weekly“ , каде што зборуваше за татковството, но и за тоа како да има големо семејство . Комичарот истакна дека отсекогаш сакал да има големо семејство и многу деца.
„Луѓето наоѓаа мои интервјуа од пред околу 20 години и јас всушност го велев истото тогаш. Велев: „Човече, сакам 12 деца“. Како само да го замислив и се случи“, рече тој.
Тој зборуваше и за своетодетство и растење .
„Доаѓам од големо и неконвенционално семејство. Моите родители ме родија кога беа тинејџери, па затоа моите баба и дедо имаа големо влијание врз мене. Мојата баба беше згрижувачка мајка, па затоа пораснав со многу деца за кои требаше да се грижам. Научив како да се грижам за бебиња како дете“, објасни тој.

„Отсекогаш било дел од мене. Сè уште сум големо дете во срцето. Дефинитивно чувствувам дека е дел од моето животно патување“, додаде тој.
Кога новинарите на списанието „Јус Викли“ го прашаа дали планира да го прошири своето семејство , Ник со насмевка рече:
„Обично кога жените ме прашуваат, тие всушност се нудат себеси. Во моментов, 12 се сосема доволни за мене. Секој ден ги возам децата на училиште, а има и кошарка, карате, часови по степ, пијано, гитара.“

Ник има дванаесет деца со шест различни партнери. Меѓу познатите убавици со кои бил е и Ким Кардашијан .
