back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Јанчев: Колку поткуп лежи во повторното планирање на рудникот Казандол?

Други наслови

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на јавната расправа за развојниот просторен план реагираше на повторното појавување на рудниците Казандол и Иловица во планската документација, иако како што истакнуваат од неговата партија, станува збор за проекти околу кои повеќе од една деценија постои јасно изразена отпорност од страна на локалното население.

„Казандол и Иловица се апсолвирана тема. Не ми е јасно како после десет години трибини, анализи од професори, протестни блокади кои што траеа по месеци, протести, референдуми, одлуки на Совети, ние сме повторно во ситуација во еден просторен план, наречен развоен, да гледаме рудници кои што се апсолутна апсолвирана тема.“

Во изминатите години, прашањето за рудниците во Струмичко беше предмет на јавни расправи, протести и локални референдуми, а против нивното отворање беа донесени и одлуки на општинските совети. Државата дури ја доби и меѓународната арбитража за Казандол, со што стави правен печат на оваа тема. Оттука е совршено несфатливо и скандалозно како овие веќе апсолвирани проекти повторно се појавуваат во новиот таканаречен развоен просторен план, директно игнорирајќи ја волјата на граѓаните и донесените одлуки, велат од Левица.

Јанчев побара конкретен одговор на прашањето кој ја иницирал постапката со која Казандол и Иловица повторно се најдоа во просторниот план.

„После сето ова, после оваа десетгодишна борба, главното прашање: по чија иницијатива влегоа овие рудници во просторен план?“

Кога станува збор за проекти против кои локалното население со години се организирало, институциите имаат обврска јавно да објаснат кој повторно ги ставил на дневен ред и врз која основа.

„Моето друго прашање е: колку пари се дадени за овие рудници да влезат во оваа процедура?“ – праша Јанчев.

Од Левица бараат надлежните институции да ги обелоденат сите документи поврзани со иницирањето и постапката за внесување на Казандол и Иловица во развојниот просторен план, вклучително и податоците за евентуалните финансиски средства поврзани со оваа постапка. Кога една децениска борба на граѓаните се поништува преку ноќ и насилно се туркаат проекти што веќе беа отфрлени, логично се наметнува прашањето за финансиските мотиви зад ваквиот потег.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести