Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше големите протести во Франција, велејќи дека исламот сака да ја преземе земјата.
Тој верува дека демонстрантите во Франција не протестираат поради проблеми во училиштата.
„Она што се случува во Франција не е ништо повеќе од неконтролирана масовна миграција. Не станува збор за училишта, туку за исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Да потсетиме дека протестите во Франција започнаа како студентско движење поради состојбата на средните училишта, недостатокот на работници, условите за работа и други проблеми во образовниот систем, а потоа се проширија и на други групи.
Ученици, наставници, родители и синдикати учествуваат во протестите, а дел од собирот беше обележан со судири со полицијата и немири.
