back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Стотина студенти уапсени од белгиската полиција на протестите во Лиеж

Други наслови

Полицијата во белгискиот град Лиеж уапсила 107 лица за време на студентските протести од почетокот на октомври, соопштија локалните власти во средата. Апсењата опфатиле 80 административни притворања и 27 судски апсења, соопшти полицијата.

Само во текот на вчерашниот ден полицијата привела 53 лица, од кои 46 административно и седум по судски налог, откако младите се собрале на улиците околу Универзитетот во Лиеж.

Според полицијата, некои од демонстрантите оштетиле имот и предизвикале пожари.

Ученици и студенти од образовниот систем на француски јазик во Белгија протестираат веќе неколку дена поради зголемените трошоци за високо образование и цените на јавниот превоз, како и поради недостигот на места во одредени наставни групи, пренатрупаните распореди и тешкотиите при обезбедувањето наставни материјали.

Во средата, студентите мирно се собраа пред училиштето „Атени Леони де Ваха“ во Лиеж. Се очекува демонстрациите да продолжат во текот на денот.

Движењето во Белгија следи по неколкудневните протести на француските средношколци, кои блокираа пристапни патишта и протестираа пред своите училишта барајќи подобри услови за образование.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести