back to top
8.2 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Трамп: „Тотално си луд. Ќе беше во затвор да не бев јас. Сега сите те мразат“

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на разговорите во понеделник за ескалацијата на воената акција на Израел во Либан, нарекувајќи го „луд“ и „неблагодарен“, изјавија двајца американски функционери за „Аксиос“.

Иран претходно се закани дека ќе ги прекине преговорите со САД поради акциите на Израел во Либан.

Според изворите, Трамп го предупредил Нетанјаху за време на разговорот дека спроведувањето на заканите за бомбардирање на Бејрут дополнително ќе го изолира Израел на меѓународната сцена.

„Тотално си луд. Ќе беше во затвор да не бев јас. Ти ја спасувам политичката кариера. Сега сите те мразат. Сите го мразат Израел поради ова“, наводно рекол Трамп, според функционер запознаен со разговорот.

Друг извор запознаен со разговорот рече дека Трамп бил „бесен“ и во еден момент извикал: „Што, по ѓаволите, правиш?“

Американските претставници изјавија дека Трамп проценил оти Израел има право да одговори на нападите на Хезболах, но исто така изразил загриженост за она што го смета за непропорционална ескалација на конфликтот што ја спроведе израелската страна во последните денови.

Трамп, исто така, изрази загриженост поради големиот број цивилни жртви во Либан и се спротивстави на уривањето на цели згради за елиминирање на поединечни команданти на Хезболах, додека Израел се откажа од плановите за напад врз цели на Хезболах во Бејрут, според израелски функционер.

Иако Трамп и Нетанјаху претходно имаа напнати разговори, тие продолжија тесно да соработуваат за Иран и други регионални прашања, а овој разговор, според изворите, беше меѓу најтешките откако Трамп се врати во Белата куќа.

По разговорот, Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека преговорите со Иран „продолжуваат со забрзано темпо“, а ова го изјави веднаш откако го потврди постигнувањето на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Трамп објави дека имал продуктивни разговори со претставниците на Нетанјаху и Хезболах, во кои е постигнат договор за прекин на огнот и откажување на испраќањето израелски трупи во либанската престолнина Бејрут.

Нетанјаху, од друга страна, објави дека му рекол на Трамп дека Израел ќе нападне цели во Бејрут доколку Хезболах не ги запре нападите, како и дека израелските сили во меѓувреме ќе продолжат со операциите на југот на Либан, со порака дека „ставот останува непроменет“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести