back to top
12.8 C
Skopje
среда, 23 септември , 2026

Уште лоши вести за Погачар – ја скрши клучната коска, доживеа потрес на мозокот…

Други наслови

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ќе биде подложен на операција за санирање на повредата здобиена при пад на Вуелта.

Погачар доживеа тежок пад 32 километри пред финишот на етапата од Пусол до Ксерас, тој падна во средината на пелотонот, по што не можеше да ја продолжи трката.

Беше видливо грубо и изгребано. Според првите информации, тој при падот се здобил со посекотини и длабоки рани на левото рамо и лицето, а во текот на вечерта неговиот тим „UAE Emirates XRG“ се огласи со подетален опис на состојбата на својот велосипедист.

„Тадеј е стабилен и по детален медицински преглед во болницата, му е дијагностициран потрес на мозокот, фрактура на левата клучна коска со дислокација, стабилна фрактура на седмиот цервикален пршлен (C7) и неколку лацерации. За среќа, нема други сериозни повреди или невролошки последици “, објасни раководителот на медицинската служба на тимот, д-р Адријан Ротуно, во официјално соопштение.

На Погачар ќе му биде потребна операција на клучната коска, но поради мерките на претпазливост за потрес на мозокот, таа нема да се изврши веднаш.

„Тој останува под грижа на нашиот медицински тим и ќе ви дадеме дополнителни информации по операцијата“, рече Ротуно.

Впрочем, тешко е да се замисли дека најдобриот велосипедист во светот ќе се врати на трките на највисоко ниво оваа година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести