back to top
12.8 C
Skopje
среда, 23 септември , 2026

ДЗС со детали за автобусот на ЈСП кој се запали на Средно Водно, огнот го гаселе 7 пожарникари

Други наслови

Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно.

Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија детали за интервенцијата. Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.

Благодарение на брзата и присебна реакција на возачот, автобусот бил паркиран на соодветно место, со што било спречено ширење на пожарот кон околината и парк-шумата „Водно“.

Во инцидентот нема повредени лица, а пожарот не ја зафатил околната шума.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека надлежните служби ги спроведуваат потребните проверки, по што треба да се утврди точната причина за избувнувањето на пожарот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести