back to top
14.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Црна Гора воведува платено менструално отсуство

Други наслови

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно.

Парламентот на Црна Гора усвои измени на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа, болни менструални циклуси придружени со грчеви, гадење и замор, им се дава право на два дена платен одмор месечно .

Тоа право, како што објави „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, фиброиди, полипи и други гинеколошки заболувања.

Иницијативата за измени на законот беше поднесена во март оваа година, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од независната пратеничка Јевросима Пејовиќ.

Предлог-законот претходно беше едногласно поддржан на состаноците на Комисијата за здравство, труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Во образложението на законот се наведува дека целта на промените е соодветно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореја, отстранување на предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа помеѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обврски на жените.

Како што е истакнато, на жените со секундарна дисменореа им е признато правото на посебна состојба на привремена неспособност за работа.

Секундарната дисменореја се однесува на болни менструални тегоби предизвикани од претходно дијагностицирани гинеколошки заболувања, како што се ендометриоза, фиброиди, воспаление на јајниците, ендометријални полипи и синдром на полицистични јајници, како и состојби кои можат да бидат придружени со болен сексуален однос, отежнато мокрење, неплодност или обилно менструално крварење.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести