Најмалку едно лице загина, а повеќе од 47 лица се повредени кога се урна ѕид на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, јавуваат локалните медиуми од овој град во Перу.
Имено, Министерството за здравство на Перу наведува дека дел од структурата на трибината е срушен, дека истрагата е во тек и дека во овој момент не се подготвени да дадат никакви дополнителни информации.
Шпанската телевизија Си-Ен-Ен објави дека претходно на перонот X се срушила една структура, без дополнителни детали.
Инцидентот се случил за време на празнично собирање пред фудбалскиот натпревар закажан помеѓу перуанските екипи Алијанза и Универзитерио.
Алијанза Лима во соопштението наведува дека немало уривање на објектот, но клубот не прецизираше што точно се случило.
Некои локални медиуми дури пишуваат дека дошло до тепачка меѓу две групи навивачи, по што следело општо стампедо, а потоа многу од навивачите биле прегазени во толпата.
Некои извори наведуваат дека бројот на повредени е поголем од 60, додека министерот за здравство Хуан Карлос Веласко потврди дека меѓу повредените има три малолетници, како и многу жени.
