back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

ДРАМА ВО МОРЕУЗ „НЕМА ГАЃАЊЕ НА ИРАНСКАТА ЦИВИЛНА ИНФРАСТРУКТУРА, ОРМУТ МОРА ДА БИДЕ ОТВОРЕН!“ се огласи Путин, но и лидерите на некои земји од ЕУ со јасна порака до Трамп!

Други наслови

23-ти ден од војната меѓу Израел и Америка против Иран. Ситуацијата продолжува да ескалира. Цели се Техеран, Натанц, Ерусалим, Димона и други стратешки места и градови.

Синоќа Иран испали балистичка ракета кон Димона, каде што се наоѓа главниот нуклеарен објект на Израел. На југот на Израел, во градот Арад, иранска ракета ја погоди својата цел – 5 лица загинаа, додека најмалку 100 беа повредени.

Трамп му се заканува на Иран со уништување на електраните ако Ормутскиот теснец не се отвори во рок од 48 часа. Иран одговори со најавување напади врз постројки за десалинизација низ Заливот и Блискиот Исток.

Војната досега одзеде повеќе од 3.000 животи, а најлоша е ситуацијата во тој поглед во Иран и Либан. Земјите од Заливот се под силни ирански напади, како и американските воени бази во регионот.

Војната станува сè побрутална од ден на ден.

Путин: Русија останува лојален пријател на Иран

Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе на својот ирански колега Масуд Пезешкијан Новруз, персиската Нова Година. Во пораката што ја пренесе иранската новинска агенција Мехр, Путин ја потврди посветеноста на Русија на сојуз со Иран.

„Ние остануваме лојален пријател и доверлив партнер на Техеран“, рече Путин.

Тој додаде дека се надева дека иранскиот народ ќе ги надмине моменталните воени тешкотии со достоинство. Русија се смета за еден од најмоќните дипломатски сојузници на Иран и постојано ја осудува американско-израелската војна против таа земја.

Макрон: Ни треба мораториум за напад врз цивилната и енергетската инфраструктура и слободна пловидба во теснецот!

Францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше за ситуацијата во Ормускиот теснец.

„Соочени со ризикот од неконтролирана ескалација, попотребно е од кога било сите завојувани страни да се согласат за мораториум на напади врз енергетската и цивилната инфраструктура и Иран да ја врати слободата на пловидба во Ормутскиот теснец“, рече Макрон од Ријад, каде што е во официјална посета.

„Дојде време за одговорност и воздржаност со цел да се создадат услови за продолжување на дијалогот, кој единствено може да гарантира мир и безбедност за сите.“

Тој додаде: „Во овој клучен момент, Г7 и Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив мора да ја зајакнат својата координација. Франција и Саудиска Арабија работат заедно на ова.“

Санчез: Бараме отворање на теснецот!

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара отворање на Ормутскиот теснец и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток, по ескалацијата на нападите врз клучните нафтени и гасни проекти во регионот, пишува Гардијан.

„Шпанската влада бара отворање на Хормуз и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток“, објави тој на социјалните мрежи. „Се наоѓаме на глобална пресвртница. Понатамошната ескалација би можела да предизвика долгорочна енергетска криза за целото човештво. Светот не треба да ги плаќа последиците од оваа војна.“

Иако Санчез не ги именуваше директно Иран или САД, неговиот повик дојде откако Трамп му се закани на Иран во саботата. Тој му даде на Техеран 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за протокот на светската нафта, или САД ќе „нападнат и уништат“ иранските електрани, „почнувајќи од најголемите“.

Техеран возврати со закана дека „неповратно ќе уништи“ клучна инфраструктура низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги и виталните водоводни системи, доколку САД започнат напад.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести