back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Франција го забрзува искористувањето на литиумот

Други наслови

Францускиот претседател Емануел Макрон, охрабрен од успехот на забрзаната реставрација на катедралата Нотр Дам, на 22 април објави околу 150 големи индустриски проекти во 63 департмани.

Вредноста на тие проекти, како што објавија медиумите, е во вредност од 71 милијарда евра, кои треба брзо да се спроведат.

Меѓу нив, како што е дополнително наведено, е и проектот за експлоатација на литиум „Емили“. 

Според планот на претседателот Макрон, проектот треба да овозможи производство на 34.000 тони литиум хидроксид годишно од 2030 година, што би било доволно за 700.000 батерии, или речиси половина од потребите на Франција.

Станува збор за инвестиција од 1,8 милијарди евра, предводена од компанијата „Имерис“ со поддршка од државата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести