back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Филипче: Мицкоски стави вето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

Други наслови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека додека земјите од регионот напредуваат кон членство во Европската Унија, Македонија заглавува поради погрешните политики на владата на Мицкоски и останува блокирана без никаков напредок на европскиот пат.

„Пред неколку дена беше формирана комисија која веќе го изготвува договорот за пристапување на Црна Гора во Европската Унија. Каде сме ние? Заробени во лагите на премиерот, во неговите антиевропска политика, во навредите што ги шири кон земјите-членки на Европската Унија и кон Европската Унија како целина, додека тој е таму како гостин, обидувајќи се преку претходни изговори, лажна кампања, лажни вести, да претстави дека тука има некаков напредок“, рече Филипче.

Тој додаде дека владата свесно не спроведува реформи, ниту пак презема чекори што би овозможиле почеток на преговори со Европската Унија, додека за ова е лично одговорен премиерот Мицкоски.

„Тука ништо не се случува, нема реформи и не се преземаат потребните чекори за да започнеме преговори со Европската Унија, за да отвориме преговори за поглавјата. Човекот кој сега стави вето на процесот на пристапување на Македонија кон Европа има име и презиме, се вика Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Во овој контекст, Филипче рече дека граѓаните не заслужуваат земјата да биде изолирана додека соседните земји напредуваат, додавајќи дека Македонија е целосно изоставена од европските процеси.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести