back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Турската воена индустрија го шокираше светот: Претставија домашна интерконтинентална ракета, со дострел од 6.000 километри

Други наслови

Турското Министерство за национална одбрана ја претстави првата домашна интерконтинентална балистичка ракета „Јилдиримхан“ на саемот SAHA 2026 во Истанбул.

Ова е првата интерконтинентална балистичка ракета што е јавно прикажана во Турција.

Системот е развиен од Центарот за истражување и развој на Министерството за одбрана, а презентацијата се одржа на Меѓународниот саем за одбрана и воздухопловство „Саха 2026“ во Истанбулскиот изложбен центар.

Според техничката табла изложена на саемот, „Јилдиримхан“ има дострел од 6.000 километри, може да достигне брзина до 25 Маха, има четири ракетни мотори на течно гориво и користи азотен тетроксид како погонско гориво.

Во моментот на презентацијата не се објавени дополнителни оперативни детали за системот. SAHA 2026 беше отворен во организација на SAHA Истанбул, најголемиот кластер на наменски, воздухопловни и вселенски индустрии во Турција и Европа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести