Првото полуфинале на Евровизискиот натпревар, 70-то по ред, се одржа во Виена оваа година, а шоуто го водеше прекрасната водителка Викторија Сваровски, заедно со Мишела Островски.
Водителката Викторија Сваровски веќе привлече внимание со својот изглед , но и со своето потекло, за кое не сака толку многу да зборува. Однапред беше познато дека отворањето на Евровизија ќе биде вистински спектакл делумно и поради нејзиниот изглед.

За оваа пригода, убавата Викторија избра црвен елегантен фустан покриен со светки и со многу длабоко деколте кое буквално ги хипнотизираше сите.

Едноставна фризура – права коса со залижани прамени зад ушите и целосен минимализам, без ѓердани, обетки или нараквици. Викторија не сакаше да ја расипе убавината на фустанот. Модното издание го комплетираше со црни салонки со прерамки и ја подготви најубавата насмевка.
Сè е подготвено за спектаклот во Виена!

