Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобри нови операции на долг дострел против Русија и рече дека Москва мора „да ја плати цената на војната со сопствените загуби“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги одобри новите операции со долг дострел за време на состанокот со Александар Сирски , врховниот командант на вооружените сили на Украина.
„Денес имав детален состанок со врховниот командант на вооружените сили на Украина , Олександр Сирски , и началникот на Генералштабот , Андриј Хнатов . Ги одобрив нашите нови операции на долг дострел – ова е неопходно за Русија да почувствува дека ќе мора да плати за војната со сопствените загуби“, рече Зеленски во краткото обраќање до јавноста.
Тој додаде дека руската нафтена индустрија ќе продолжи да ги трпи последиците од продлабочувањето на конфликтот.
„Исто така, гледаме знаци дека руското политичко раководство бара начини да ги компензира загубите, нивните окупациски сили се намалени“, рече Зеленски
Тој исто така рече дека Русија испраќа повици за мобилизација и воени вежби со цел да продолжи, како што тврди, тајната мобилизаторска кампања во поголем обем.
