Сејда Бешлиќ , сопруга на познатиот пејач Халид Бешлиќ , почина по долго боледување. Со години беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка.
По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во последните месеци водеше тешка животна битка. Синот Дино тешко ја поднесе загубата на својот втор родител за помалку од една година.
Тој сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и со трогателни зборови се збогува со мајка си.
– Мајко моја, си останав сам. Те сакам многу.
Халид и Сејда имаа филмска љубов
Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во последните месеци водеше тешка животна битка.
Семејството, пријателите и бројните обожаватели на семејството Бешлиќ се збогуваа со жената која беше запаметена по својата скромност, достоинство и безрезервна поддршка на својот сопруг за време на неговата богата музичка кариера.
