back to top
2.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

„Овие будали мислат дека не бев доволно строг кон Иран“ Трамп не се штеди: Или се љубоморни или глупави

Други наслови

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги нарече сите луѓе кои, како што рече, мислат дека не бил доволно строг кон Иран, погрдни имиња.

Трамп изјави дека овие луѓе се или љубоморни, или лоши, или глупави.

„Овие будали, кои мислат дека не бев доволно строг кон Иран, во време кога берзата штотуку достигна рекордно високо ниво, а цените на нафтата паѓаат, или се љубоморни, лоши луѓе или глупави“ , рече Трамп во објава на социјалната мрежа „The Truth“.

Неговата изјава доаѓа во време кога медиумите ширум светот објавија дека Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпишале Меморандум за разбирање за ставање крај на војната меѓу нивните две земји.

Меморандумот содржи 14 точки и беше потпишан дигитално, од далечина.

Според Си-Ен-Ен, која ги објави деталите од документот, Меморандумот, меѓу другото, вклучува отворање на Ормутскиот теснец, укинување на санкциите против Техеран и обезбедување најмалку 300 милијарди долари за обнова и развој на Иран.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести