back to top
17.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Донарума се ожени со долгогодишната партнерка Алесија Елефанте: Халанд и Манчини беа на раскошната церемонија (фото)

Други наслови

Голманот на Манчестер Сити и капитен на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, вчера го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна партнерка, Алесија Елефанте, на раскошна церемонија одржана во италијанскиот град Локоротондо.

Религиозната венчавка се одржа во црквата Сан Џорџо Мартире, а на церемонијата присуствуваа членови на семејството, пријатели и бројни познати личности од светот на фудбалот.

Донарума за пригодата избра елегантно бело одело, додека невестата пристигна пред олтарот со долг превез што ѝ го покриваше лицето.

Големо внимание привлекоа и познатите гости кои пристигнаа на церемонијата. Меѓу нив беа и соиграчот на Донарума од Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, како и поранешниот тренер на италијанската репрезентација, Роберто Манчини.

Фудбалерот Ерлинг Халанд и неговата партнерка Изабел Хаугсенг Јохансен (Фото: Ројтерс)

Донарума и Алесија Елефанте се познаваат уште од детството, бидејќи пораснале во истиот град, Кастеламаре ди Стабија, каде што заедно оделе на училиште. Нивната љубовна врска започнала во 2016 година, додека италијанскиот голман играл за Милан и градел успешна фудбалска кариера. Во септември 2024 година, тие го добиле синот Лео, со што нивното семејство се проширило за уште еден член.

По црковната церемонија, прославата продолжи во луксузна масарија во близина на Фасано, каде што младенците и нивните гости го прославија почетокот на ново поглавје во нивните животи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести