back to top
14.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

Други наслови

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост.

Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат.

Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата и да му се приклучат на јатото.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести