Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е распишана тендерската постапка за предквалификација за проектот за брз автобуски превоз (БРТ), во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
„Беше навистина тешко изминатиот период да се надминат сите пречки и предизвици кои беа поврзани со овој проект, но благодарение на целиот тим во Градот Скопје, благодарение на ЕБОР и поддршката на Владата, конечно денеска е распишана тендерската постапка. Процесот на аплицирање трае до втори ноември и ги повикувам сите заинтересирани компании и во земјата и во регионот да аплицираат на истиот за да имаме што поголема конкуренција.
Конечно една од трите важни работи за скопјани поврзани со градскиот транспорт доаѓа до својот фотофиниш а тоа е БРТ“, нагласува скопскиот градоначалник.
Како што рее, иако многумина не верувале дека ќе има извесност целиот проект и дека истиот ќе започне со реализација, сепак доаѓаме, потенцира Ѓорѓиевски, на крајот од подготовките за да започнеме со проектирање и изведба на истиот.
„И кога тука ќе се надоврзат и 100-те нови автобуси за кое е завршена постапката и веќе тече рокот на испорака, и кога ќе го поврземе и процеост на создавање на градскиот воз и железничкиот транспорт, веќе можеме да говориме за создавање на предуслови за модерен градски транспорт, повеќе алтернативи за граѓаните, еколошки транспорт, кој ќе ги натера граѓаните да користат алтернативи надвор од своите автомобили.
Верувам дека до крајот на овој мој мандат скопјани ќе можат со задоволство да го користат и овој проект“.
