Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави фотографија од густ црн чад и оган над Москва со порака до рускиот претседател Владимир Путин да „погледне низ прозорецот на Кремљ и да ја заврши војната“.
„Денот ми започна утрово со честитки од многу странски колеги по повод палењето на Москва. Оваа сцена сигурно не е исходот што Путин го очекуваше кога ја започна својата агресивна војна против Украина“, рече тој.
Тој вели дека Русите можат да го обвинат само Путин затоа што „војната им дошла во дворот“.
„Пораката до него е едноставна: погледнете низ прозорецот на Кремљ, видете ги пламените јазици над Москва и завршете ја оваа војна“, рече Сибиха.
Да ве потсетиме дека вчера Русија ги засили нападите врз Киев како одговор на украинските напади со беспилотни летала врз Москва.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека нападот е најголемиот врз Москва откако Кремљ започна офанзива против Украина во 2022 година, а во него биле вклучени околу 1.600 дронови, од кои 450 биле насочени директно кон главниот град.
