Поради планирани технички зафати, утре, 25 септември, без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Хо Ши Мин“ во Општина Бутел, а од 8:30 до 14 часот дел од корисниците на улиците „9“ и „1“ во Општина Сопиште.
Од 9 до 13 часот прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“, во зградите со број 86 и 52 и околните објекти во Општина Центар, додека од 12 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во реонот по гробиштата во Општина Илинден.
Прекини ќе има и во водоснабдувањето. Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Маџари“ бб, во Триангла, од 9 часот без вода ќе бидат корисниците во населбата Маџари, додека во Хиподром и Трубарево ќе има намален притисок.
Поради уличен дефект на булеварот „Партизански Одреди“ бр. 14, од 9 часот без вода ќе бидат и корисниците на улицата „Пиринска“ во Општина Центар.
