back to top
17.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Германија ги одби Кинезите: „Не даваме“

Други наслови

Германската федерална влада ја забрани продажбата на 80 проценти од акциите во хамбуршката логистичка компанија „Ципел“ на кинеската државна компанија за превоз „Коско“, наведувајќи ги ризиците за националната безбедност.

Портпаролот на Сојузното министерство за економија ја објави одлуката по владината седница, со најава дека министерството потоа ќе издаде официјална наредба за забраната, објави германскиот „Шпигел“.

Како што е наведено, аквизицијата би „ја продлабочила зависноста и би ја загрозила отпорноста на синџирите на снабдување во Германија и ЕУ“.

Федералната влада, според Законот за надворешна трговија и плаќања и придружните прописи, може да разгледа преземање на германски компании од страна на странски инвеститори ако тоа би можело да го загрози јавниот ред или безбедност.

Во февруари, Федералната канцеларија за заштита на конкуренцијата го одобри преземањето на 80 проценти од „Ципел“ од гледна точка на заштита на конкуренцијата. 

Сепак, кон крајот на април беше објавено дека Федералната канцеларија за заштита на Уставот има одредени безбедносни загрижености во врска со преземањето.

„Ципел“ превезува стока со железница, брод и камион, вклучувајќи товар што пристигнува во пристаништата Хамбург и Бремерхафен, и вработува околу 350 луѓе.

„Коско“ веќе поседува 24,99 проценти удел во контејнерскиот терминал „Толерорт“ во Хамбург.

Нејзиното учество во тој терминал беше одобрено во 2022 година, по политички спор во рамките на тогашната германска влада.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести