back to top
4.8 C
Skopje
среда, 25 ноември , 2026

„’Можеме да нарачаме текст каде сакате’ – тоа што народот го знае, Мицкоски сега го призна“, велат од СДСМ

Други наслови

„’Можеме да нарачаме текст каде сакате, во каков сакате портал и сешто да пишува.’ Тоа што народот го знае, тоа што СДСМ го говори, Христијан Мицкоски го потврдува. Јавно. На телевизија. ‘Не знам што не е добро тука’, вели Мицкоски. Со години предупредуваме за медиумскиот октопод што работи во корист на Мицкоски, за влијанието на Орбан врз 40 проценти од медиумите, како и за медиумите на Вучиќ во Македонија кои работат за организираната криминална група“, велат од СДСМ.

„Предупредуваме за црните кампањи против претседателот Филипче и за нарачките што ги спроведува началникот Латас за оцрнување на СДСМ и на неистомислениците на власта.

Сега самиот Мицкоски пред камерите призна дека тој е нарачателот. Како уредник на жолтиот печат.

Затоа во извештајот на Европската комисија јасно се посочува на притисокот врз медиумите и на заробеното судство“, се наведува во соопштението на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести