back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Од утре дожд, а од вторник на повисоките планини снег

Други наслови

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 литри на метар квадратен, особено во недела.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести