back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Други наслови

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести