Според шпанските медиуми, Реал Мадрид со голем интерес ја следи ситуацијата околу веројатно најдобриот напаѓач во светот, Ерлинг Халанд.
Имено, порталот „Трибуна“ објави дека Реал Мадрид има одлични односи со семејството на Халанд и неговите агенти и дека директната комуникација меѓу двете страни трае со години.
Како што е познато, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, со години сака да создаде напаѓачка линија што ќе ја одбележи следната деценија.
Иако го доведоа Килијан Мбапе, Халанд во Мадрид се смета за класична „деветка“, каква што тимот немаше откако си замина Карим Бензема.
Ве потсетуваме дека Манчестер Сити се соочува со правен и спортски притисок поради обвинувања за кршење на финансиските прописи на Премиер лигата, а својата шанса ја гледаат во Реал.
Од друга страна, откако пристигна во Сити во 2022 година, Халанд сруши многу рекорди, постигнувајќи вкупно 193 гола во сите натпреварувања.
