Иако многу диети за слабеење вклучуваат исклучување на јаглехидратите, тие можат да бидат дел од балансирана исхрана. Нутриционистите особено ја истакнуваат киноата, храна богата со протеини и влакна што го продолжува чувството на ситост и може да помогне во контролата на тежината.
Киноата содржи хранливи материи кои можат да придонесат за здравјето на срцето и регулирањето на шеќерот во крвта. Но, нејзината најголема придобивка за слабеење е комбинацијата од протеини и влакна.
,,Протеините и влакната се моќен дует за слабеење. Заедно, тие ве одржуваат сити и можат да го стимулираат ослободувањето на хормонот GLP-1, кој го регулира апетитот“, објаснува регистрираната диететичарка Саманта Касети за EatingWell.
Порција од 6 унци (185 грама) варена киноа содржи околу осум грама протеини и пет грама влакна.
Протеини и влакна за подолго чувство на ситост
Диететичарката Лејни Јункин, исто така, ја истакнува важноста на растителните влакна.
„Порција од 185 грама варена киноа има околу пет грама растителни влакна, што е околу двојно повеќе од еднаква количина варена брокула“, вели таа.
Таа додава дека растителните влакна помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и го стимулираат ослободувањето на хормони кои го намалуваат апетитот.
Покрај тоа, киноата содржи споредлива количина на железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк и фолна киселина од кафеавиот ориз, иако тие имаат слична калориска вредност, вели нутриционистката Лорен Харис-Пинкус. Може да се подготви за појадок, да се додаде во салати или да се сервира како прилог со зеленчук и извори на протеини.
Диететичарите нагласуваат дека за долгорочно слабеење не е потребно целосно да се елиминираат јаглехидратите, туку да се избере хранлива храна која обезбедува подолго чувство на ситост. Покрај балансираната исхрана, важни се и редовната физичка активност, квалитетниот сон и соодветната хидратација.
