back to top
10.8 C
Skopje
вторник, 20 октомври , 2026

Клековски ја посети најголемата клиника по неонатологија во Бугарија: Размената на знаења и добри практики е пат до подобра грижа за мајките и новороденчињата

Други наслови

Во рамки на посетата на Софија, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде што се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, извести Министерството за здравство.

Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и раното откривање на состојби кај новороденчињата, соопшти МЗ.

Станува збор за најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема. Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања.

– Размената на знаења и добри практики е пат до подобра грижа за мајките и новороденчињата и до поквалитетно и подостапно здравство за сите граѓани, посочува Клековски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести