back to top
6.8 C
Skopje
вторник, 27 октомври , 2026

Левица бара Македонија да ја поддржи годишната резолуција на ОН за Куба

Други наслови

Левица го повика Министерството за надворешни работи во пресрет на гласањето во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се повикува на укинување на американското ембарго врз Куба, а кое е закажано за 28 октомври 2026 година, да гласа „за“ нејзино усвојување.

„Апелот го упатуваме бидејќи во октомври минатата година, МНР предводено од Тимчо Муцунски за првпат во историјата на македонската дипломатија гласаше против заедно со уште шест држави (САД, Израел, Парагвај, Аргентина, Унгарија и Украина) со што Република Македонија се изолира на светската политичка сцена. Сѐ до овој неверојатен преседан на кусогледата вмровската дипломатија, Република Македонија доследно гласаше за крај на санкциите кон Куба уште од почетокот на 90-тите години, кога Генералното собрание почна да ја усвојува оваа годишна резолуција, а тоа го правеше како дел од процесот за стабилизација и асоцијација заедно со земјите членки на Европската Унија. Првиот дипломат, кој меѓу другото се обидува да одаде впечаток на поддржувач на членството на Република Македонија во ЕУ, го прави токму спротивното кога ги инструира нашите преставници во ОН да гласаат против самата организација во која се обидува да ја зачлени државата“, велат од Левица,

Од партијата велат дека Куба уште од почетокот на администрацијата на Трамп се соочува со сериозна хуманитарна криза поттикната од бруталното ембарго наметнато од САД – недостиг на елементарни намирници, струја, гориво, вода, храна и зголемена смртност. Со автоматското ставање на страната на САД и Израел, кои до 2024 беа единствените земји кои гласаа против оваа Резолуција, велат од Левица, Република Македонија повторно се става на страна на злосторници и разбојници на кои ништо не им е свето.

„Затоа најавеното гласање не смее да биде уште едно механичко повторување на туѓи политички позиции. На Македонија ѝ се потребни сојузници, меѓународен кредибилитет и принципиелна дипломатија, а не напуштање на воспоставените позиции. Македонската надворешна политика мора да се води од националниот интерес и меѓународните принципи, наместо секоја одлука автоматски да се усогласува со позициите на САД. Најаваното гласање ќе биде можност да се докаже дека Република Македонија го следи својот традиционален дипломатски курс и прекинува со пракса на полтронство и подаништво кон белосветски бандити и измамници“, велат од Левица.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести