back to top
11.8 C
Skopje
петок, 30 октомври , 2026

Стојанче Јовановски останува со казна од 12 години затвор, Врховниот суд го одби неговото барање

Други наслови

Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за Стојанче Јовановски, со што останува во сила казната од 12 години затвор.

Јовановски е осуден за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, во случајот со неговата сопруга Ивана, која скокна од зграда заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Од Врховниот суд соопштија дека одлуката е донесена на седница одржана на 21 октомври 2026 година, по разгледување на барањето поднесено од осудениот преку неговите бранители.

Со тоа остануваат во сила пресудите на Основниот кривичен суд Скопје од 7 мај 2026 година и на Апелациониот суд Скопје од 18 јуни 2026 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести