back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Голема полициска операција во Истанбул: Апсења на лица кои планирале атентат врз лидерот на навивачите на Фенербахче

Други наслови

Пет лица осомничени за подготовка на напад врз водачот на навивачите на Фенербахче, Џем Ѓолбаши, беа уапсени во Истанбул. Кај нив беа пронајдени пушка, пиштоли и 200 куршуми.

Истрагата ја води Одделот за истрага на организиран криминал при Главното јавно обвинителство во Истанбул, објавуваат турските весници „Хуриет“ и „Сабах“. Според нив, нападот го нарачала криминалната група „Далтонлар“, а наредбата ја дал Јусуф Џан Гунгор, кој во рамките на групата го користи прекарот „Барон“.

На 31 октомври, полицијата го привела Ибрахим Ч., кој дошол од Адана, според „Хуриет“, во населбата Бејоглу во Истанбул. Кај него биле пронајдени нерегистриран пиштол, автоматски пиштол и продолжени шаржери.

Истрагата откри дека Ибрахим Ч. престојувал во куќа во населбата Есенјурт со уште тројца осомничени од Газиантеп. Станува збор за Џихан Џан Г., Абдулкадир Д. и Орхан Б.

Петтиот осомничен, Чинар А., беше уапсен во својот дом на 1 ноември. Тој е осомничен дека ја снабдувал групата со оружје, а кај него беа пронајдени долга пушка и 200 куршуми.

Според првите изјави на осомничените, тие го напуштиле нападот бидејќи, како што наведоа, не биле исполнети условите за него. Истрагата е во тек.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести