Мет Дејмон присуствуваше на еден настан, а за таа пригода реши да донесе посебна придружба. Неговата ќерка Изабела беше главна ѕвезда на вечерта.
Доделувањето на модните награди CFDA собра бројни познати личности, вклучувајќи ги и актерските ѕвезди кои блескаа на настанот. Големо внимание привлече актерот Мет Дејмон , или, поточно, неговата прекрасна придружничка – ќерката Изабела .
Се чини дека ова било семеен излет за Мет и неговата наследничка и може да се каже дека ги воодушевија сите присутни со своите прекрасно стилизирани модни комбинации .
И додека актерот носеше црно дворедно одело, неговата сакана избра класична елеганција .

Како што можете да видите, Изабела носи макси фустан во сребрена боја кој е украсен со реси и интересен мрежест дезен во форма на дијаманти. Ресните беа сместени на рабовите на самиот фустан, давајќи му на целокупниот стил разиграна нота која многу потсетува на гламурот на старите холивудски креации.
Таа го заокружи изданието со високо стилизирана пунџа, во малку полежерна верзија, како и шминка во темни тонови што ја истакна нејзината природна убавина .

Таткото и ќерката цело време се смееја за време на фотосесијата, а посебно внимание привлече актерот, кој не можеше да скрие колку е горд на неа.

