back to top
4.8 C
Skopje
среда, 25 ноември , 2026

Мицкоски: Младите парови до 35 години ќе можат да купат стан по 20% пониска цена

Други наслови

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа како законски ќе се решава државната помош за млади брачни парови при купување станови, поточно за општински услуги, и како ќе се одредува просечната цена, рече дека се подготвуваат два посебни закони кои мора да бидат донесени во Собранието.

„Најверојатно ќе одиме со два посебни закони во Собранието, кои веќе се подготвуваат. Министерството за транспорт и мојот кабинет работат на законите. Зборувам за првиот закон, со кој брачните парови до 35 години ќе го добијат правото, имено ќе им се обезбеди право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена за 20% пониска од просечната, пазарна, во таа катастарска општина во претходната година. Утрово разговарав и со директорот на Катастарот, тие подготвуваат анализа од ваков тип, додека анализата за третиот квартал е веќе завршена.

Го задолжив да ме информира во текот на денот за состојбата во текот на првите три квартали од годината. Очекувам многу брзо, во рок од денес, да ја добијам оваа анализа, а потоа ќе можеме официјално да ја објавиме состојбата во катастарските општини каде што се продадени станови во нови станбени згради, а од ова, граѓаните, имено оние кои ги исполнуваат условите според критериумите, ќе можат да ги направат своите пресметки и планови за во иднина. Значи, станува збор за посебен закон, кој наскоро ќе им биде презентиран на пратениците.

Исто така, вториот посебен закон е оној преку кој општините нема да собираат општински даноци за изградба на куќи од брачни парови кои припаѓаат на овој профил.

„Убеден сум, бидејќи голем број градоначалници веќе ме контактираа со идеи, дека имаат неколку хектари земјиште што би сакале да ги урбанизираат, парцелизираат и да ги понудат по цена од 1 евро на оваа категорија брачни парови, што е позитивно“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести