Општина Аеродром објавува Јавен повик за доделување еднократни парични награди на ученици со посебен успех од VII до IX одделение во општинските основни училишта.
Општината ги повикува сите ученици што постигнале забележителни резултати да се пријават на една од четирите категории:
Надарени ученици – ученици со натпросечни постигнувања во науката и технологијата;
Талентирани ученици – ученици со исклучителни уметнички, креативни и литературни таленти;
Талентирани спортисти – ученици што постигнале врвни резултати во индивидуални или екипни спортови;
Ученици со посебни образовни потреби (ПОП) – ученици со попреченост што покажале исклучителен инклузивен напредок во редовното образование.
Право на учество имаат редовните ученици од VII, VIII и IX одделение во основните училишта, доколку еден од родителите или старателите има пријавено живеалиште во општината.
Пријавувањето се врши со пополнување образец кој заедно со потребната документација се доставува во Архивата на Општина Аеродром.
Рокот за пријавување е 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
„Висината на поединечната еднократна парична награда ќе биде утврдена со посебна одлука на Советот на Општина Аеродром.
Правилникот со деталните критериуми за бодување, потребната документација и образецот за пријавување се достапни на следниов линк: https://aerodrom.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd…/
Општина Аеродром ги охрабрува учениците да ги пријават своите постигнувања затоа што веруваме дека секој успех заслужува признание, а секој талент е можност за личен развој.
