НОВ СКАНДАЛ ВО АВСТРАЛИЈА: Срѓан Ѓоковиќ повторно на удар!

Штом Новак го напушти Мелбурн …

Најдобриот српски тенисер, и еден од најдобрите играчи на „белиот спорт“, Новак Ѓоковиќ, маестрално ја покори Австралија и стигна до десеттиот трофеј на Грен слем турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ во финалниот меч беше подобар од Гркот Стефанос Циципас (6:3, 7:6, 7:6) и успеа да влезе во историјата. Исто така, тој се врати на првото место на АТП листата, а го освои и 22. Грен слем трофеј во кариерата, израмнувајќи го со Рафаел Надал во овој сегмент.

Сепак, настаните поврзани со таткото на Срѓан фрлија сенка на победата на Новак. Се крена голема врева поради видеото и фотографијата на Срѓан Ѓоковиќ, кој се појави покрај гледачите кои зборуваат руски, носејќи руски знамиња и скандирајќи пораки за поддршка на Путин. 

Австралиските медиуми објавија дека по тој повод постариот Ѓоковиќ ги поздравил со „да живее Русија“, српските новинари застанале за заштита, а резултатот од сето тоа било отсуството на Србинот од трибините на полуфиналето и финалето.

Сега се огласија и споменатите навивачи кои беа покрај Срѓан Ѓоковиќ. Србите од Австралија дојдоа во заштита на семејството Ѓоковиќ. 

Тие рекоа дека се обединети во нивната поддршка за него и се прашуваа дали направил нешто лошо. 

–  Дали е погрешно тоа што го кажа Срѓан  – праша еден од нив, а другите продолжија:

– Не, да живее Русија! Да живее Србија! Поздрав до нашиот цар Владимир Путин! Слава на Русија! Косово е Србија!