back to top
-0.2 C
Skopje
недела, 29 ноември , 2026

Камион се излизга пред Скачковце, затворен патот кон Свети Николе

Други наслови

Патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал и завршил попречно на коловозот.

На фотографиите од местото се гледа камионот кој го блокира патот, поради што сообраќајот е целосно во прекин.

Засега нема официјални информации за причините за настанот, ниту дали има повредени лица. Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за излизгувањето на тешкото возило.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести