back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 19 ноември , 2026

Коњановски: Буџетот за 2027 носи 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции и 123,8 милијарди за пензии

Други наслови

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ и истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5% од БДП и дека буџетската рамка е насочена кон редовно сервисирање на обврските, продолжување на инвестициите и зајакнување на јавните финансии, при што значителен дел од средствата се наменети за пензии, социјална и здравствена заштита и образование.

„Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Приходите се проектирани да растат побрзо од расходите, додека буџетскиот дефицит е утврден на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. Оваа рамка треба да овозможи редовно исполнување на обврските на државата, продолжување на инвестициите и постепено зајакнување на јавните финансии. За исплата на пензиите се планирани 123,8 милијарди денари. Редовната и предвидлива пензија е прашање на достоинство, самостојност и сигурност. За социјална заштита се предвидени околу 14,3 милијарди денари. Важно е овие средства да стигнуваат навреме, според јасни критериуми и без непотребни административни пречки. За здравствена заштита преку Фондот за здравствено осигурување се планирани 58,7 милијарди денари. Истата определба важи и за образованието“, рече Коњановски.

Коњановски истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции, со фокус на инфраструктурни проекти, подобрување на локалната патна мрежа, водоводната и канализациската инфраструктура, како и модернизација на земјоделството и дека средствата се наменети за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашното земјоделско производство.

„За капитални расходи се планирани околу 40,8 милијарди денари. Овие средства треба да се реализираат навремено, квалитетно и економски оправдано. Но еднакво значајни за секојдневниот живот на граѓаните се локалните патишта, водоводите, канализациските системи и пречистителните станици. Во земјоделството, вложувањата во модернизација, системи за наводнување и подобри услови за производство треба да му помогнат на домашниот производител да ја зголеми продуктивноста и посигурно да го пласира својот производ“, дециден е Коњановски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести