back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 19 ноември , 2026

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Други наслови

„Секој ден има нова потврда на она што го кажува СДСМ веќе со месеци за последиците од криминалното владеење на Мицкоски. Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб. Тоа се пари на 650 илјади граѓани, што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сопствената пензија“, велат од СДСМ.

„Префрлањето пари не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско да ги префрли парите во вториот пензиски столб.

Ќе реагира ли сега Јавното обвинителство или повторно ќе молчи? Организираната криминална група ја загрозува исплатата на идните пензии на над 650.000 граѓани. Дупката во ПИОМ е веќе 1 милијарди евра. Власта го загрозува и вториот пензиски столб.

Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк.

Пари има само за криминалните тендери на власта. За само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за околу 4 милијарди евра. За 2027 година, Мицкоски и Кочоска планираат ново задолжување од речиси 2 милијарди евра.

Ова е економскиот дебакл на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести