back to top
7.8 C
Skopje
петок, 27 ноември , 2026

„Ниту една повеќе“ забрани присуство на партиски членови и актуелни и поранешни функционери на протестите

Други наслови

Движењето за слобода и правда за жените „Ниту една повеќе“ забрани присуство на партиски членови и актуелни и поранешни функционери на протестите што ги организира против семејното насилство и фемицид.

„’Ниту една повеќе’ им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери, партиски хиени, политички мршојадци, институционални паразити, бескичмени бирократи, циници, лицемерни профитери, политички лешинари, неоопортунисти, ресторански полтрони, професионални лажливци, морални отпадоци и дегутантни душегубци да доаѓаат на протестите и да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“, се вели во соопштението.

Понатаму се додава дека „Ниту една повеќе“ ги повикува сите изневерени, обесправени, понижени, повредени, бесни до срж, алергични на лицемерие, гладни за правда, жедни за слобода, имуни на страв, непокорни, бескомпромисни, непослушни, пркосни, солидарни, бунтовни, згрозени од системската негрижа, огорчени од празните ветувања, глуви за партиските проповеди, истрајни и будни граѓани и граѓанки да излезат на улица и да покажеат дека „ние сме слободата“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести