back to top
4.8 C
Skopje
четврток, 26 ноември , 2026

„Продолжуваат вложувањата во образованието, студентскиот стандард и вработувањето на младите, следи и студентска картичка со поволности за студентите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Други наслови

„Од почетокот на мандатот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку конкретни мерки и проекти јасно покажа дека младите се еден од главните приоритети. Се создаваат подобри услови за образование, се унапредува студентскиот стандард и се отвораат нови можности за вработување, самовработување и професионален развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Една од актуелните мерки е воведувањето на студентската картичка, која ќе им овозможи на студентите низа поволности, вклучително и 20% пониски цени за услугите што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги.

Надлежните институции работат координирано на реализација на оваа мерка, за која ќе биде обезбедена соодветна законска рамка со цел студентите да добијат дополнителни бенефиции и поддршка, освен усогласувањето на студентскиот оброк со инфлацијата.

Но, поддршката за студентите не започнува и не завршува со студентската картичка. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе реализираше низа мерки за подобрување на студентскиот стандард и унапредување на условите за образование.

Преку доделувањето на 55.000 ваучери во вредност од 250 евра за набавка на електронски уреди, на студентите им беше овозможен полесен пристап до современа технологија и дигитални алатки.

Паралелно се инвестира и во подобрување на условите за сместување на студентите, при што реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје беше пуштен во употреба во септември годинава, со капацитет за сместување на 1.150 студенти, а во тек е и реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, инвестиција вредна околу 10 милиони евра.

Проект е дел од пошироката програма за реконструкција на девет студентски домови низ државата и се очекува студентите да можат да се вселат од први февруари наредната година, а домот ќе располага со капацитет за 280 студенти.

Дополнително, започнат е процесот на дигитализација на универзитетите и воведување електронски индекс, со што се прави чекор кон поефикасно, подостапно и помодерно високо образование.

Поврзувањето на младите со пазарот на трудот преку стекнување практични знаења и работно искуство е важен сегмент од младинските политиките, за што во август и септември годинава беше реализирана мерката „Месеци на практикантство“, преку која студентите имаа можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините.

Од друга страна во 2025 година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите во рамки на Програмата за самовработување со грант, преку која беа отворени речиси 2.200 нови правни субјекти.

Поддршката преку Оперативниот план за вработување продолжува и годинава и тоа во вредност од 40 милиони евра, кој опфаќа над 10.000 лица. Од вкупниот износ, 32 милиони евра се наменети директно за мерки за вработување со посебен фокус на младите до 29 години и опфат од 6.000 лица.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е младите да имаат можности, сигурност и подобра иднина, затоа останува посветена на политики кои носат конкретни придобивки за студентите и младите, подобри услови за образование, поголема економска независност и реални перспективи за професионален развој“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести