back to top
5.8 C
Skopje
сабота, 28 ноември , 2026

СДСМ бара итна собраниска седница по случајот со претепаната жена од Гостивар

Други наслови

По случајот со жената од Гостивар, која по пријавено семејно насилство беше донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба, пратениците на СДСМ и коалицијата побараа итна седница на Собранието.

Тие поднеле барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика седница на која единствена точка на дневниот ред ќе биде постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство, како и заштитата на жртвите.

„Уште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и непреземање одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата бараат институциите да го отворат прашањето за нивното постапување во случаите на семејно насилство и за мерките што ги преземаат за навремена заштита на жените жртви на насилство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести