„Филипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година. За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката?
Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните.
Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт?“, праша на прес-конференцијата Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
