back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 19 ноември , 2026

ВЛЕН: На Ахмети му пречи прекинот на врските со Србија

Други наслови

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, продолжува да го оплакува „Отворен Балкан“. Во повторен обид да го рехабилитира агресорот, тој вели дека регионалниот мир се гради во соработка со Србија. Со истата Србија што не го признава Косово, не побарала извинување за геноцидот од ’99 година и продолжува да спонзорира терористички напади како оној во Бањска, за кој Ахмети никогаш не проговорил“, велат од Влен.

„Со истата Србија што продолжува да не ја признава независноста на Косово, која ние ја гледаме како предуслов за нормализација на односите меѓу двата народа.

Владата на ВЛЕН има јасно определба: врска со Албанија и Косово преку Коридорот 8, автопатот Скопје – Блаце, патот Тетово – Призрен и „One Stop Shop“ на граничните премини.

А носталгичарите на „Отворен Балкан“ треба да сфатат дека националното прашање никогаш повеќе нема да биде заложник на тесни групни и семејни интереси, ниту монета во сомнителните трансакции на сватот што ни ја донесе Алта банка“, се наведува во соопштението на Влен.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести