back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Бројот на невработени лица се намали во првиот квартал од годинава

Други наслови

Бројот на невработени лица во првиот квартал од 2026 година е намален за еден процент во споредба со четвртиот квартал од 2025 година, а е намален за 2,3 проценти во споредба со истиот квартал минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број невработени, 62,4 проценти биле мажи, а 37,6 проценти биле жени.

Податоците од ДЗС покажуваат дека бројот на вработени лица се намалил за 0,3 проценти. Од вкупниот број вработени лица, 57,9 проценти биле мажи, а 42,1 процент биле жени.

Уделот на неформалното вработување во првиот квартал од 2026 година се зголемува. Неформално се вработени 94.197 лица, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на претходниот квартал. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 проценти, се во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, а 17,5 проценти во градежниот сектор.

Според Државниот завод за статистика, активното население брои 797.884 лица, од кои 707.385 се вработени, а 90.499 се невработени. Стапката на активност е 52,5, стапката на вработеност е 46,5, додека стапката на невработеност е 11,3.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести