Грчките земјоделци денес започнаа блокада на граничниот премин Евзони, но не четири, туку шест часа, а истата ситуација ќе се повтори и во наредните денови.
Денес границата ќе биде затворена до полноќ за сите возила.
На граничниот премин „Ники“-„Меџитли“, како што претходно најави АМСМ, има запирање на камиони, кое ќе трае до утре во 10:00 часот.
Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена со секојдневни блокади на голем број локации низ целата земја.
