Секторот за внатрешни работи во Тетово соопшти дека две лица од Скопјe, на возраст од 30 години, биле пронајдени мртви во викендица во Горна Ѓоновица, Гостивар.
Од СВР-Тетово велат дека телата на починатите се испратени на обдукција.
„На 08.01.2026 година, во 23:45 часот, до СВР Гостивар е доставено известување дека во викендица во село Горна Ѓоновица во Гостивар, пронајдени се починати лицата Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје.
Лекарот утврдил дека смртта е без траги на насилство, додека по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се испратени на обдукција.
„Јавниот обвинител и увидната екипа од Полициската станица Тетово извршија увид на местото на настанот“, велат од Полициската станица Тетово.
