back to top
8.2 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Не се срами да ги покаже своите огнени облини, а зошто би се срамела кога е совршена

Други наслови

Ева Лонгорија, иако неодамна го прослави својот 51-ви роденден, не престанува да изненадува со своите појавувања на плажа во нејзината омилена Марбеља.

Познатата актерка Ева Лонгорија (51) самоуверено ја покажа својата затегната фигура во тесен костим за капење додека уживаше на одмор во Шпанија, а познато е дека ова е нејзината омилена дестинација за одмор, особено кога е во друштво на својот сопруг, покрај кого секогаш блеска .

Ева, која неодамна беше видена јавно со својот сопруг Хозе Бастон на гламурозна гала, се разлади за време на денот поминат на плажа во Марбеља во вторник, уште еднаш почестувајќи ги сите со провокативен изглед на почетокот од нејзините 50-ти години.

Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ привлече внимание во бикини со животински принт и се чини дека не им посветила премногу внимание на папараците.

„Каква убавина“, „Нереална си“, „Ова се совршени облини“, „Џебна Венера“, „Тело на божица“, се само дел од коментарите на Твитер каде и да се објавуваат фотографии од Ева.

Со децении, Ева Лонгорија е симбол на убавина, елеганција, но и провокација со допир на стил, па затоа не е изненадување што секогаш уживаме во нејзините изгледи, без разлика дали е на плажа или на црвениот тепих.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести