Паулина Поришкова и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Двојката ја објави среќната вест на социјалните мрежи.
Иако повеќе не е активна во светот на манекенството, поранешната топ-моделка Паулина Поришкова е многу активна на социјалните мрежи. Таа редовно објавува детали од својот приватен и професионален живот, а своето влијание на социјалните мрежи го користи за да „уништи“ бројни стереотипи поврзани со жените.
Но, овој пат, таа се огласи на Инстаграм за да му даде до знаење на светот дека конечно е среќна во љубовта . Имено, Паулина објави видео во кое открива дека нејзиниот партнер Џеф Гринштајн и таа сега официјално се сопруг и сопруга .
Во видеото, тие објаснија дека склучувањето брак во Италија е прилично сложен процес за странците и дека
им биле потребни седум месеци за да ги соберат сите потребни документи .
„Имаме толку многу да ви кажеме, но во моментов се обидуваме да се фокусираме на нашите најблиски кои патуваа за да бидат со нас и едноставно да уживаме во нашето омилено место“, напиша Поришкова, која се појави во видеото во црвено-бели пругасти бикини.
Пензионираната манекенка и нејзиниот партнер се во врска три години. Тие официјално ја потврдија својата врска во 2023 година со фотографија од Париз.

Поришкова неколку пати зборуваше со медиумите за емотивниот слом низ кој помина по разводот од сега починатиот Рик Окасек – фронтменот на бендот „The Cars“, со кого беше во брак 28 години .
„Поминав три години сама, обидувајќи се да го надминам чувството дека не сум достојна за љубов“, напиша таа во еден пост.

Но, сега сè си дојде на свое место, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Паулина конечно ужива во љубовта!
