back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево би можел да биде готов пред мај следната година

Други наслови

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека рокот за завршување на автопатот Охрид-Кирчево е мај следната година, но дека очекува тој да биде завршен порано, додавајќи дека работите на терен напредуваат добро.

Николоски нагласи дека досега се пуштени во употреба 37 километри од вкупно 57 километри.

„Веќе ставивме во употреба 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам дека во текот на летото ќе имаме и други километри во функција и дека целиот автопат ќе биде завршен во наведениот рок“, рече тој.

Тој нагласи дека претходно имало бројни проблеми, но дека сега тие се надминати бидејќи посериозно се посветиле на проектот.

„Мислам дека прашањето не е само математичко, туку и филозофско. Овој автопат се гради веќе 12 години, но всушност не е изграден повеќе од 2 години, ако сакаме да бидеме реални“, рече Николоски. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести